Колоректален карцином

Карциномите на колонот и на ректумот главно се развиваат од полипи кои се наоѓаат во овие органи. Секоја година еден милион луѓе во светот заболуваат од карцином на колон и на ректум.

Што претставува?

Другото име на карциномот на дебелото црево или карциномот на колон и на ректум е колоректален карцином. Секоја година околу 1 милион луѓе во светот заболуваат од ова малигно заболување. Веројатноста за појава на ова заболување е поголема кај машкиот пол и изнесува 4,5%, за разлика од жените со 3,2%. Колоректалниот карцином главно се развива од аденоми (полипи). Овие бенигни тумори, кои потекнуваат од слузокожата на ректумот, главно не се забележливи бидејќи може да бидат пасивни со години. Степенот на појава на аденоми се зголемува со возраста. Сепак, иако развојот на карцином поврзан со аденоми е утврден неодамна, надворешните фактори што го предизвикуваат процесот сe уште се нецелосно дефинирани.

Кои се методите за дијагноза?

Прегледите кои се неопходни за евалуација на колоректалниот карцином и одредувањето на фазата на болеста се извршуваат преку дијагностички методи. Рендгенолошко испитување на дебело црево, колоноскопија, компјутерска томографија на абдоменот, ултразвук, снимање со магнетна резонанца, ендоректална ултрасонографија и позитронска емисиона томографија (ПЕТ) може да бидат потребни во зависност од состојбата на пациентот и од карактеристиките на туморот. Со нивна помош се одредува степенот на нарушување по што се изготвува план за третман на болеста.

Кои тестови се спроведуваат?

По консултацијата со доктор специјалист и деталниот клинички преглед, се изведуваат следниве тестови:

• Преглед на крв во фецесот • Радиолошки прегледи • Лабораториски прегледи • Ендоскопски прегледи

Како се лекува?

Карциномите на колон и на ректум се третираат со разни методи. Операција, хемотерапија (терапија со лекови) и радиотерапија се најчесто користените методи за лекување. Пред планирањето на третманот од голема важност е информацијата за степенот на нарушување, како и општата состојба на пациентот.

Фази на колоректалниот карцином

Колоректалниот карцином е класифициран во четири фази:

Фаза I: Ова е најраната фаза на болеста. Канцерозните клетки ги зафатиле внатрешните и средните слоеви на цревото. Лимфните јазли и далечните органи сe уште не се зафатени.

Фаза II: Канцерозните клетки ги зафатиле сите слоеви на дебелото црево и може да се прошират на соседните органи. Лимфните јазли и далечните органи сe уште не се зафатени.

Фаза III: Без оглед на степенот на зафатеност на ѕидот на колонот, туморот се шири на соседните лимфни јазли.

Фаза IV: Ова е најдоцната фаза на болеста. Независно од степенот на проширеност на туморот во ѕидот на дебелото црево или лимфните јазли, постојат метастази на органите како црниот дроб, белите дробови, перитонеумот, коските и мозокот.

Како се применува хируршкиот третман?

Во сите фази примарен третман кај колоректалниот карцином е операција. Сепак, формата на хируршкиот третман може да варира во зависност од локализацијата на туморот во дебелото црево и во ректумот, неговата големина, фазата и во итни случаи кај пациенти кои имаат компликации (атрезија, перфорација, крвавење итн.). Денес лапароскопските методи стануваат сe повеќе застапени во хируршкиот третман. Во продолжение се наведени примарните техники:

• Кај некои мали ректални тумори се применува локална ексцизија во смисла на отсекување и отстранување само на делот со туморот преку анусот.

• Ресекција претставува отсекување и отстранување на дел од дебелото црево (или целото) и дел од ректумот (или во целост) во зависност од локализацијата на туморот. Кај овие хируршки техники соседните лимфни јазли се отстрануваат заедно со цревото. Доколку туморот се проширил на соседните органи, овие органи исто така мора да се отстранат со радикална операција. Здравите делови од цревото се составуваат (анастомоза).

• Конструирање на неанатомски анус (илеостомија или колостомија) кој се поврзува со малото црево или абдоминалниот ѕид на дебелото црево. Ова се изведува откако е направена ресекција на дебелото црево и на ректумот. Содржината од дебелото црево се испразнува во пластична кеса која е поврзана со стомачниот ѕид преку неанатомскиот анус. За некои пациенти ваквата состојба може да биде постојана. Кај оние пациенти кај кои не постои медицинска причина, неанатомскиот анус се затвора и пациентите имаат нормална дефекација.

• Метастазите во белите дробови и во црниот дроб може да се отстранат преку хируршката техника метастазектомија.

• Кога болеста е откриена во подоцниот стадиум, кога радикалната хирургија не е опција за третман, се изведуваат палијативните хируршки интервенции кои имаат за цел да го подобрат животот на пациентот.

• Хемотерапија и/или радиотерапија е вклучена во планот за третман пред и или по операцијата зависно од стадиумот на болеста.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language