Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“ создаде услови кои овозможуваат ефикасен, брз и прецизен третман во борбата со канцерот. Моќниот акцелератор TRILOGY донесе револуција во радиотерапијата. Благодарение на неговата софистицираност и моќ, канцерот добива висока доза на радиотерапија, а притоа здравото околно ткиво останува здраво.

TRILOGY е најсофистициран линеарен акцелератор кој нуди можност за прецизна и ефикасна радиотерапија во лекување на малигни тумори. Овој апарат отвора нова ера во радиотерапијата, особено со користење на стереотактичка терапија и радиохирургија.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е отворен првиот приватен ПЕТ центар во Македонија и регионот. Располага со ПЕТ/КТ апарат со кој се идентификуваат тумори во раните фази и се утврдува дали овие тумори се малигни или бенигни.

Напредните технолошки апарати кои во современата медицина се користат за третман на ракот, во значителна мера можат да го намалат времето на лекување, а со тоа да го подобрат квалитетот на животот на пациентите. Одредени малигни заболувања можат и целосно да се излекуваат.