Што е канцер?

Канцер е општо име за група од 100 заболувања. Заедничко за овие болести е тоа што почнуваат со неконтролирано растење на абнормални клетки кои може да ги нападнат другите ткива и органи.

Алармантно зголемениот број на дијагностицирани пациенти со канцер зборува  за тоа колку е важен и раширен овој здравствен проблем. И покрај тоа што се разликува според потеклото, канцерот е заболување кое може да се излекува доколку навремено се дијагностицира.

Како се создава канцерот?

Нашиот организам е составен од трилиони клетки кои се основните структурни и функционални единици кај сите живи организми. За телото на човекот да остане здраво, секојдневно се размножуваат нови и здрави клетки, а старите и нефункционални изумираат. Но, понекогаш овој сложен процес не се одвива според законите на природата. Во еден момент старите клетки наместо да изумрат, продолжуваат да растат и да се размножуваат неконтролирано. Разликата кај нормалните и абнормалните клетки е во оштетувањето на ДНК. Кај нормалните клетки доколку се појави овој проблем клетката умира, додека кај абнормалните клетките и покрај тоа што се нефункционални и оштетени тие продолжуваат да растат. Новите, абнормални клетки формираат канцерогена маса која се нарекува тумор. Клетките од овие тумори се размножуваат многу брзо и може да се прошират и да ги зафатат ткивата и органите кои се во близина.

Како се шири канцерот?

Клетките на ракот може да се прошират во други делови од телото преку крвта и лимфниот систем. Тука почнуваат да создаваат нови тумори, кои со текот на времето го заменуваат здравото ткиво. Процесот на ширење канцерогени клетки се нарекува метастаза. Без разлика каде е проширен канцерот тој секогаш се именува според местото каде се појавил првпат. На пример, карциномот кој се појавил на дојка, а метастазирал во црниот дроб се вика метастатски карцином на дојка, а не карцином на црн дроб.

Иако имаат едно име, карциномите во различни делови на телото имаат различни карактеристики. На пример, карциномот на простата и карциномот на дебелото црево се различни болести. Поради тоа, за секој карцином се спроведува различна терапија. Но, сите тумори не се канцерогени! Постојат и бенигни тумори.

Што се бенигни тумори?

Бенигните тумори не се канцерогени и со хируршка интервенција може да се отстранат и никогаш да не се повторат. Тие можат да направат проблем ако почнат да растат и со својата големина да направат притисок врз здрави органи и ткива. Не можат да се рашират врз здрави делови од органите или да метастазираат. Овие тумори речиси никогаш не се опасни по живот.

Фактори на ризик

Главните фактори на ризик се: мутирани гени, хормони, одредени вируси и бактерии, еколошките и биолошките карактеристики или нездрави животни навики. Ризикот од појава на малигни заболувања може да се намали доколку се променат некои навики во животниот стил како што се пушењето цигари, стрес, спортување, здрав начин на живот и исхрана.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language