Навремената и точна дијагноза е од суштинско значење за пациентите со малигни заболувања. Малигните заболувања кои се откриени во ран стадиум имаат поголема шанса за успешен третман и овозможуваат подобар квалитет на живот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најсовремената апаратура, техники и процедури со кои се детектираат и најминималните патолошки промени.
БИОХЕМИЈА

Тумор маркерите се молекули кои во поголеми концентрации во крвта, урината или ткивото укажуваат дека пациентот има тумор. Нивното откривање и мерење се користи во дијагностицирањето, како и во лекувањето на карциномот со цел да се утврди успехот од терапијата. Прочитај повеќе
ПАТОХИСТОЛОГИЈА

Хистопатолошката анализа игра огромна улога во дијагностицирањето на малигните болести бидејќи 70% од болестите се дијагностицираат микроскопски. Покрај поставувањето дијагноза, хистопатолошките наоди даваат јасна насока во решавањето на понатамошниот третман на пациентот. Прочитај повеќе
ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ

Милиони пациенти во светот го победуваат канцерот. Канцерот може да се победи, но најважно е да се открие на време.Грижете се за вашето здравје. Голем дел од овие болести нe даваат знаци во раниот стадиум. Превентивните прегледи се првиот чекор во раното...
РАДИОЛОГИЈА

Навремената и точна радиолошка дијагноза е суштински дел во одлучувањето како треба да се одвива лекувањето. Современите техники и напредната технологија, како и искусниот радиолошки персонал се од огромно значење при радиолошко дијагностицирање на ...
ПЕТ ЦЕНТАР

ПЕТ/КТ апаратот се користи за да се идентификуваат тумори во раните фази и да се утврди дали овие тумори се малигни или бенигни. Апаратот исто така се користи во дијагнозата на невролошките и на кардиолошките заболувања.