Центар за онкологија и радиотерапија
Центарот за онкологија и радиотерапија овозможува најдобар третман на пациентите со канцер, почнувајќи од рано дијагностицирање, хируршко лекување, онколошки и радиотераписки третман до целосна рехабилитација и поддршка во процесот на лекување.
Центарот за онкологија и радиотерапија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е опремен со најсовремени апарати. Прецизна и точна дијагноза на канцер се спроведува со PET/CT, CT (128 slice), MRI (1,5 tesla) и најсовремени лабораториски анализи (туморски маркери). Радиотерапијата се изведува преку најмоќниот акцелератор во светот TRILOGY, кој овозможува високи зрачни дози директно на канцерот со максимална заштита на околното здраво ткиво.Најефикасни решенија при лекување на канцерот се добиваат со мултидисциплинарен пристап. Во Центарот за онкологија и радиотерапија функционира онколошки конзилиум од доктори со специјалисти од различни области кои со мултидисциплинарниот пристап заеднички донесуваат решенија во третманот на пациентите со канцер.