Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во мозокот, кои не можат хируршки да се отстранат. За првпат во регионот овој тип зрачна терапија ја има и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со помош на најмоќниот и најбезбеден апарат за радиотерапија TRILOGY.

Моќна и прецизна 

Со радиохирургија туморот се третира со само една фракција со висока доза на зрачење, која е директно насочена кон целниот тумор, без да се оштети здравото ткиво. Овој тип терапија ја уништува ДНК на туморот со што клетките на туморот не можат повеќе да се шират и развиваат. Радиохирургијата е единствена терапија кај тумори на мозок локализирани на недостапни места во мозокот и не можат да се отстранат со хируршка интервенција.

Како се спроведува третманот?

За да може да се спроведе третманот, се имобилизира (прицврстува) главата на пациентот со што се обезбедува фиксна позиција за време на третманот. Во исто време се прави КТ симулација со цел да се лоцира туморот. За време на третманот акцелераторот ротира околу пациентот испорачувајќи високи дози зрачење во областа која е претходно точно обележана од тимот специјалисти, кој вклучува радиолог, онколог и неврохирург.

Во кои случаи се користи радиохирургија?

Радиохирургијата најчесто се користи во третман на тумори во мозокот кои се на недостапни места или кои не можат хируршки да се лекуваат. Исто така, радиохирургијата се користи и во третман на некои бенигни промени во мозокот како што се артериовенски малформации. Резултатите кои се постигнуваат со овој третман се идентични со резултатите од неврохируршкиот третман. Лекарот одредува кај кој пациент може да се спроведе радиохирургија. Одлуката зависи од типот, големината и локализацијата на туморот што треба да се третира.

Кои видови тумори можат да се третираат со ТRILOGY радиохирургија?

Со оваа технологија можат да се третираат мали тумори со еднократно зрачење со високи дози. Здравите ткива се заштитени на највисоко ниво од несаканите ефекти на радијацијата. Пациентот доаѓа, ја прима еднократната терапија и по третманот може да продолжи со нормалните секојдневни активности. Според светските статистики, радиохирургијата на TRILOGY има голем успех во лекувањето на пациенти третирани со оваа метода.

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language